Со промоцијата на новата Серија 3, оние кои бараат перформанси едвај чекаат на новата генерација на М3. Сепак ќе треба да почекаат.

Во меѓувреме, германскиот премиум гигант BMW на авто салонот во Лос Анџелес ќе ги претстави најмоќните не М3 верзии на новата Серија 3 – M340i и M340i xDrive.

За време на промоцијата на Серија 3, BMW ги најави спецификациите за моделите кои се еден вид запознавање со новиот моќен M3, а воочи авто салонот во Париз во октомври и како ќе изгледаат.

Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски реден 6-цилиндерски турбокомпресор со 382 КС и вртежен момент од 500 Nm, што значи станува збор за најмоќната Серија 3 без М ознака кога било направена.

Што се однесува до M340i со xDrive погон, тој до 100 km/h забрзува за 4,4 секунди, што е половина секунда побрзо од истата верзија од претходната генерација.