На почетокот на годината Google објави дека ќе направи нов дизајн на својата Gmail апликација за мобилни уреди. Оние кои желно го очекуваат овој апдејт ќе добијат добри вести, бидејќи Google потврди дека редизајнот полека пристигнува до сите Android корисници.

Кога станува збор за iOS корисниците, пак, Google соопшти дека апдејтот треба да стигне до крајот на неделата. Апдејтот ќе го имплементира новиот дизајн на апликацијата, што ќе донесе многу поразличен изглед.

Засега не е познато дали апдејтот ќе вклучи и нови функции. Претходно имаше гласини дека Google планира да пренесе и некои функции од платформата Inbox во Gmail. Inbox официјално ќе биде исклучен во текот на оваа година, но Google би можел да зачува некои од најпрофитабилните функции од платформата и да ги пренесе во Gmail.