Пред само неколку дена, Xiaomi ја објавиRedmi Note 11 серијата и ова е прв пат да ја видиме Pro+ верзијата во едно видео. Xiaomi сподели кратко расклопување на телефонот заедно со некои детали за хардверот што се наоѓа внатре.

Самото видео не е многу информативно за процесот на расклопување, но според изгледот е прилично стандардна работа, пренесува GSM Arena. Поинтересно ни е да видиме што се наоѓа внатре и како е тоа спакувано. И навистина има што да се види.