Тимот на iFixit разоткри некои митови за експлозивната природа на li-po батериите

Литиум-јонските полимерни батерии, познати и како литиум-полимер или скратено li-po, се главните снабдувачи на енергија за нашите сакани телефони, лаптопи или таблети.

Секој пренослив гаџет на кој му е потребна голема количина на континуирано напојување веројатно има ли-по батерија внатре. Иако се исполнети со голема количина на енергија, во нормални услови тие се совршено безбедни.

Сепак, постојано има приказни и вести за палење или експлозија на батерии, а оваа информација со причина го привлече вниманието на јавноста.

Што навистина се случува ако го поправате телефонот, алатката случајно се лизне и ја пробие батеријата? Тимот на iFixit е тука да ги разоткрие митовите околу експлозивната природа на li-po батериите.

За време на овој интересен процес, iFixit покажа како можете да спречите оштетена батерија да предизвика поголеми проблеми.