Кинески извори објавија дека Xiaomi се подготвува да објави подобрена верзија на флегшип смартфонот Mi 9.

Паметниот телефон ќе има главна камера со четири модули. Сензорите на камерата ќе имаат резолуција од 28 MP, 12 MP и 8 MP, а четвртиот модул ќе биде ToF.

Дополнително, извори додаваат дека мобилниот телефон ќе работи на Snapdragon 855 процесорот и ќе поддржи 5G.

Новиот предводник ќе биде достапен во две верзии – 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање, и со 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија. Скенерот за отпечатоци на прсти ќе биде вграден во екранот.

Треба да се напомене дека верзија на смартфонот со 4 камери, Xiaomi прикажа уште пред објавувањето на Mi 9.