Apple би можел да ги израдува сопствениците на постарите модели iPhone 5s, кои веќе се стари 5 години, со ново ажурирање на оперативниот систем iOS.

Верзијата iOS 12 би требало официјално да се појави подоцна во текот на 2018 година, а според најавите, истата би требало да биде достапна и за корисниците на iPhone 5s.

Иако, Apple е компанија која прилично добро се грижи за ажурирање на постарите верзии на своите уреди, доаѓањето на iOS 12 за iPhone 5s би бил вистински рекорд – шеста верзија на оперативен систем на еден уред.

Пкрај ова, iOS 12 би можел да биде многу корисен за сопствениците на iPhone затоа што треба да исправи некои софтверски багови и да донесе многу подобрувања во работата на уредот.