Новата технологија која ја користи познатата компанија Nike, им овозможува на купувачите да ги скенираат своите стопала со помош на мобилна апликација, со цел да се иззбере најсоодветниот модел и величина на патики.

Компанијата се надева дека податоците кои ќе ги собере од купувачите преку оваа апликација, ќе и помогнат да се приближи кон барањата на пазарот.

Производителот го најави лансирањето на оваа услуга под името Nike fit за јули. Апликацијата ќе биде достапна во рамките на постоечката компаниска апликација и во нивните продавници.