Смартфон индустријата веќе има различни функционални решенија за криење или изместување на битните хардверски компоненти, кои обично се пронаоѓаат од предната страна на телефонот (слушалки, звучници, сензори на осветлување или отпечатоци од прсти и друго). Селги камерата е еден од последните предизвици на полето на уреди со целосно полн екран.

Меѓутоа, изгледа дека нема да помине премногу време додека ова не се случи, бидејќи Samsung веќе работи на решение за камерата кое е сместено под екранот на телефонот. Информацијата најпрвин стигна од самата компанија (објави потпретседателот на одделението на Samsung за истражување и развој), а сега ја потврдија и јужнокорејските медиуми.

Изворите сугерираат дека технологијата може да се развие до мерка дека отворот за камера е невидлив и дека не ја загрозува функционалноста на камерата или дисплејот.

За жал, изворите не споменуваат конкретни технологии кои ќе бидат применети во креирање на вакво решение, но изгледа дека технологијата ги вклучува областите на дисплејот над селфи камерата, кои би требало да бидат транспарентни кога камерата не се користи.