Компанијата OnePlus во мај го претстави OnePlus 7 Pro, кој имаше дисплеј од 90Hz. Во текот на септември беше објавено дека сите идни телефони на компанијата ќе имаат дисплеи од 90Hz, а тука спаѓаат моделите OnePlus 8 и 8 Pro. Сепак, според последните гласини, OnePlus 8 Pro ќе оди еден чекор подалеку и ќе понуди панел од 120Hz.

Дојавувачот Max J. објави на Twitter дека OnePlus 8 Pro може да пристигне со екран од 120Hz. Доколку ова се оствари, OnePlus 8 Pro ќе биде првиот телефон на кинеската компанија со ваков екран.

Од објавата на OnePlus 8 и 8 Pro телефоните не делат неколку месеци, но уредите веќе се појавуваа во протечени фајлови. Двата телефони изгледаат сличноѓ имаат punch-hole екраниѓ со тоа што OnePlus 8 има троен систем на камериѓ додека Pro моделот има четири камера сензори.