Социјалните мрежи и интернет гигантите вложуваат огромни ресурси за да ја сопрат терористичката пропаганда во виртуелниот простор. За димензиите на овој феномен станува јасно од статистика, објавени од Google за видеопорталот YouTube.

Секоја година интернет компанијата троши стотици милиони долари за проверка на содржината на YouTube. Само во првите три месеци службеници на Google рачно провериле над 1 милион видеа со сомнежи за присуство на терористичка содржина.

Во официјално соопштение од вчера, Google истакнува дека при рачната проверка биле утврдени 90.000 видеа кои ја прекршуваат политиката на компанијата во врска со тероризмот. 10.000 вработени во компанијата учествувале во преглед на содржината.

Во март, по директното емитување на социјалните мрежи на убиствата во Нов Зеланд, американските власти ги повикаа Google, Facebook, Twitter и Microsoft да ја подобрат работата за бришење на насилни содржини од нивните мрежи.