НАСА објави дека телескопот Хабл направи спектакуларна фотографија од спиралната галаксија NGC 2903, дел од соѕвездието Лав, оддалечена 30 милиони светлосни години од Земјата.

Околу 75 проценти од галаксиите во вселената се спирални. Млечниот Пат е рекласифициран во спирална галаксија со централен дел и спирални краци полни со ѕвезди, како и со космичка прашина и гасови.

Фокусот на НАСА во моментов е насочен кон црните дупки, а спиралните галаксии содржат црни дупки кои некогаш се во близина на центарот. Истражувањата на Хабл за спиралните галаксии имаат за цел да ја откријат врската меѓу црните дупки и локалните галаксии.

Извор: Klix.ba