Од денеска па до осми ноември во „Нептун“ почнуваат Lucky days, со најголеми попусти на целиот асортиман и шопинг до 48 рати со хепи-кредит, соопштија од компанијата.

„Искористете го oвој Lucky days и добијте: најголеми попусти на целиот асортиман, кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка, за секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари добивате ваучер од 900 денари за идни купувања, шопинг до 48 рати со хепи- инстанткредитот, шопинг до 24 рати со кредитни картички“, се наведува во соопштението на „Нептун“.

Нептун како најголем малопродажен синџир за бела техника и електроника во Македонија е препознатлив по овој концепт на продажба, каде на своите купувачи им нуди исклучителна можност да набават производи од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени со големи попусти и можност да плаќаат до 48 рати.

Сега е вистинско време за шопинг, велат од „Нептун“, и додаваат дека акцијата е активна на сите производи од сите категории: машини за перење алишта, фрижидери, плотни, фурни, клима-уреди, телевизори, компјутери, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина, прочистувачи на воздух и други апарати за квалитет на воздух.

„Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом. Малопродажната мрежа на ‘Нептун’ 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија“, велат од „Нептун“.