Борбата против лажните вести ќе се води и на Facebook. Компанијата најави подобрена верзија на апликацијата која на корисниците ќе им овозможи да дознаат повеќе за вестите што некој ги ставил на својот ѕид. Меѓу другото, ќе биде откриено и кој од пријателите веќе споделил одредена вест.
Подобрената верзија на апликацијата првпат е тестирана минатата година, а им дозволува на корисниците со еден клик да ги откријат изворот на веста, поврзаните вести и мапата на споделување на текстот, која ја содржи локацијата на корисниците од каде што најчесто била споделувана веста.
Сепак, опцијата не дозволува увид во тоа зошто е некоја вест споделена и не постои начин да се открие потенцијален сарказам или критика.
Поврзани артикли
