Овие денови се појави постер, кој сугерира дека името на следниот Redmi смартфон ќе биде Redmi X. Меѓутоа, ова набрзо беше демантирано.

Lu Weibing, генерален менаџер на подбрендот на Xiaomi, на Weibo мрежата истакна дека Redmi X не е името на телефонот и дека компанијата ќе има подобро име за уредот.

Се очекува дека премиум телефонот со Redmi брендирање ќе има Snapdragon 855 чипсет, систем со три камери на задната страна, како и pop-up селфи камера. Уредот ќе се појави подоцна во текот на годината, а пред него се очекува објава на Redmi модел со Snapdragon 730 чипсет.