Realme Pad пристигнува на 9. септември, а гласините сугерираат дека ќе има 10,4-инчен екран.

Realme сега ја потврди големината на екранот и објави дека уредот ќе има 10,4-инчен  WUXGA+ дисплеј, со 82,5% screen-to-body однос.

Една од фотографиите која Realme ја објави на Twitter, покажува USB-C порт од едната страна на Realme Pad, а тука се и приклучок за слушалки и слот за паметно пенкало.

realme2_67.jpg

Realme објави и видео кое го прикажува Realme Pad во златна боја, додека на задната страна се наоѓа камера опкружена со златен прстен и Realme лого во долниот агол. Видеото потврдува дека таблетот ќе пристигне во барем две бои, а претходно го видовме во сива варијанта.