Трката за лансирање на првиот паметен телефон со дисплеј на преклопување очигледно ќе биде одложенa. Само пред неколку дена стана јасно дека Samsung нема да успee да го претставi својот модел оваа година, а тоа ќе се случи во подоцнежна фаза во 2019. година. Сепак, очекуваме Корејците да откријат детали за уредот во ноември. Huawei очигледно не е сосема подготвен за таков производ и нивниот модел ќе се појави во текот на наредните 12 месеци.

Ова стана јасно од интервјуто на извршниот директор Ричард Ју за германски Ди Велт. Тој потврди дека Huawei интензивно работи на ваков тип смартфон, но плановите се значително поголеми. За време на разговорот, Ричард Ју спомена дека тој се уште користи компјутер, бидејќи екранот на неговиот паметен телефон е премногу мал за одредени задачи, и додава дека целта на новиот модел е да го промени токму тоа.

Ричард Ју истакна дека компанијата ќе биде подготвена со производот во текот на следните 12 месеци, но не се обврзува на одреден рок. Реално, истото го направија и конкурентите. Во однос на Samsung, најоптимистичките прогнози во моментов посочуваат премиера на мобилниот конгрес во Барселона во февруари.

Во интервјуто, Ричард Ју нагласи дека претекнувањето на Apple во продажбите е само дел од концептот за развој на Huawei и следната цел е постигнување на лидерската позиција во глобални рамки. Во овој контекст, Ју појасни дека американскиот пазар не е толку важен за компанијата, бидејќи е само мал дел од сложувалката, и додава дека Huawei е глобален лидер во мрежната опрема, иако практично не присуствува во САД.