Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на лозинките, установен со идеја да се укаже на важноста на пасвордот како прва и најважна заштита во дигиталниот свет.

Според глобалното истражување на Националниот центар за кибернетичка безбедност на Велика Британија, најкористената лозинка е комбинацијата „123456″, што ја користат дури 23,2 милиони профили, а по неа се „123456789″ (7,7 милиони), „qwеrty” и „passwоrd” (нaд три милиони профили во светот).

Стручните лица од софтверската агенција за дигитална трансформација на работата, Намикс, наведуваат дека информираноста за значењето на создавање силен пасворд е најслабата алка во безбедносниот синџир.

– Сите други чекори при идентификацијата имаат помала тежина, ако корисниците не се свесни колку е важно да се има силна лозиннка, истакнува Јан Келер, претставник на агенцијата.

Од своето настанување, кога се користела за воени потреби, до денес, кога е неопходна за дигиталните уреди, телефони, компјутери, банкомати, личната лозинка е најосновниот облик на заштита од многобројните податоци.

Со цел да се укаже на важноста на лозинката на интернет, во 2013 година е установен светскиот Ден на лозинките, кој се одбележува секој прв четврток во мај.