Дури 4.000 Швеѓани веќе имаат вграден NFC чип за непосредна комуникација (Near Field Communication), кој во прстите им служи како дигитален клуч, картичка за плаќање итн., пренесува данскиот портал „CPH Post“.

NFC чипот е голем колку паричка и е сместен во стаклена капсула, за телото да не го отфрли. Засега, оваа технологија содржи малку податоци, но постои можност за усовршување и повеќе намени – за плаќање патни билети, па дури и за GPS-лоцирање.