Минатата есен Apple го претстави iPhone XR заедно со поскапите iPhone XS и XS Max, кои не успеаја да ги убедат фановите на iOS дека ги заслужуваат нивните цени од над 1.000 долари.

Во исто време, iPhone XR јасно му покажа на Apple и другите големи производители во индустријата дека потрошувачите преферираат да добијат телефон кој не е толку „надуен“ во однос на карактеристики, но сепак чини помалку.

Според податоците на агенцијата CIRP, iPhone XR е одговорен за 38% од сите продажби на iPhone во САД во првиот квартал од оваа година, што е сериозен успех за смартфонот што чини 749 долари.

Интересно е дека веднаш по XR, според популарноста не следува iPhone XS, туку најскапиот XS Max кој е со поголем екран од XS и е со цена од 1.100 долари.

Овие податоци откриваат дека корисниците имаат тенденција да потрошат повеќе за да се здобијат со голем екран, но би сакале да дадат што е можно помалку пари, ако големината на екранот не е водечки фактор при нивната одлука.

Токму овој тренд тера многумина да веруваат дека уште оваа година ќе видиме широк избор на Apple во однос на поевтините модели, а доста од гласините тврдат дека оваа година компанијата ќе не воодушеви со нова варијанта на SE и нов модел на XR.