Според неофицијални информации, TikTok почнал да ја менува својата стратегија и ќе овозможи продолжување на максималната должина на видеата – од сегашните 60 секунди на 180 (три минути).

Наводно, на некои корисници веќе им е дозволено да објавуваат подолги видеа, но целиот проект е во рана фаза и повеќето корисници засега нема да ја имаат таа опција. Процесот на промена започна пред неколку недели, а некои корисници го објавиle на Twitter, пишува Engadget.

Реакциите за овој потег се поделени, бидејќи TikTok се здоби со популарност со кратки снимки што го задржуваат вниманието и со кои успеа да формира нов вид на визуелна комуникација.

Со зголемување на должината, TikTok ќе обезбеди повеќе простор за создавање видеа, но истовремено овој потег носи големи ризици, истакнува „IDJTV“. Продолжувањето на должината на видеата ќе ја намалат разликата помеѓу видеата направени за TikTok и YouTube.

Имено, веќе имаше компании кои (неуспешно) потрошија стотици милиони долари за развој на услуги што би се позиционирале помеѓу TikTok и YouTube, но сите до една не успеаја.