Специјалисти за сајбер-безбедност ги објавија трошоците за дигиталниот живот во т.н. „темна мрежа“ (Dark Web), врз основа на предлози од хакери за купување на кориснички профили.

Според анализа на Лабораторијата Касперски, човечкиот дигитален живот во темниот дел на мрежата чини под 50 долари, дури и ако корисникот има многу профили и е активен на Интернет.

Хакери нудат компромитирани профили по екстремно ниски цени. Facebook профил, на пример, се продава „на црно“ само за 1 долар, додека цената за пристап до крадена услуга за „xBox“ или „PSN“ е 5 долари, на колку се проценува и профил на Netflix

При зделки на големо, хакерите прават отстапки и даваат гаранции – на пример, ако клиентот загуби пристап до услугата, добива бесплатно нов пробиен профил.

Најчесто хакерите ги пробиваат профилите на своите жртви преку „фишинг“ напади, несигурни мобилни апликации или преку селекција на лозинки, бидејќи повеќето корисници ги користат стандардните комбинации од типот „12345678“.

Затоа експертите по безбедност препорачуваат на корисниците да користат сложени лозинки, како и програми за анти-вирусна заштита, ако не сакаат да станат лесен плен на хакерите