Microsoft официјално ја прекина поддршката за Windows 7 на почетокот на следната година. Ова е само една од причините што многу корисници постојано ги апдејтуваат своите компјутери на Windows 10. На овој начин, тие можат да ги добијат најновите софтверски апдејти и да бидат заштитени од најновите закани.

Експертите на Trustwave предупредуваат дека ваквите практики создаваат многу непознати ризици за потрошувачите. Хакерите користат нов метод за пристап до личните податоци на сопствениците на уреди кои користат Windows, пренесува TechSpot.

Многу од корисниците добиваат е-пошта со покана да го инсталираат најновиот апдејт на нивниот компјутер. Пораките го содржат текстот „Инсталирај го последниот апдејт на Microsoft Windows сега“ или „Критичен апдејт на Microsoft Windows“.

Пораките содржат само една линија на текст, а првите две букви се големи. На самите корисници им се советува да кликнат на прилогот за да го инсталираат апдејтот. Иако форматот на датотеката е “.JPG”, тој всушност е документ “.NET” што потоа презема малициозен софтвер на уредот кој се користи.