Sony се доближува до објавата на својата линија ТВ уреди за 2019. година, а компанијата сега објави детали за цените и достапноста на овие уреди.

Master Series Z9G серијата телевизори, која е способна за репродукција на 8K содржини, ќе биде достапна по цени помеѓу 13.000 долари за 85-инчниот модел, кој пристигнува во јуни, до 70.000 долари за 98-инчниот премиум модел.

За среќа, постојат и подостапни сетови на телевизори, но нивните купувачи ќе мораат да се задоволат со 4K квалитет.
Мaster Series A9G OLED линијата има почетна цена од 3500 долари за 55-инчната варијанта и максимална цена од 8000 долари за моделот од 77 инчи. Иако и ова е доста висока цена, споменатите ТВ уреди пристигнуваат со Picture Processor X1 Ultimate чип, како и значително поскапата Z9G линија, како и познатите карактеристики на Sony како што се Netflix Calibrated Mode, IMAX Enhanced и AirPlay 2 и HomeKit поддршка за Apple фановите. A9G линијата ќе биде достапна во мај и јуни.

Уште подостапната серија ја сочинува A8G, со 4K HDR процесор X1 Extreme чипот и некои вообичаени Sony OLED трикови. Овие модели пристигнуваат по цена помеѓу 2500 и 3500 долари, за 55-инчната и 65-инчната варијанта. На крајот, има и доста опции за оние кои можат да се задоволат со LED-осветлените 4K LCD телевизори. Овие модели ги вклучуваат X950G, X850G и X800G линиите во ценовен ранг од 1400 до 3500 долари и со големини од 55 до 85 инчи.