Третата генерација на Spectacles очилата на Snapchat е многу привлечна и донесува нови возбудливи карактеристики, но сепак во прв план паѓа цената на овие очила, за кои се потребни 380 долари, пренесува CNBC.

Spectacles 3 очилата овозможуваат снимање на видеа и фотографии, примена на нови 3D ефекти на нив и објавување на креираната содржина на Snapchat или на другите социјални мрежи.

За разлика од претходните две верзии, Spectacles 3 имаат напредни ефекти на проширена реалност и 3D ефекти подобрени со сензор за длабочина. Благодарение на оваа технологија, ќе имате чувство како да одите низ долг ходник, дека балоните во облик на срце лебдат во паркот околу вас или дека сте излегле во придружба на анимиран феникс. Сето тоа можете да го фотографирате и претворите во 3D фотографии или GIF-ови, кои можат да ги оживеат вашите авантури.

Spectacles 3 очилата се изработени од нерѓосувачки челик, лесно се поврзуваат со смартфонот и се карактеризираат со две HD камери кои рамномерно снимаат фотографии и видеа.