Основачот и директор на компанијата OnePlus, Пит Лау потврди дека смартфонот OnePlus 7 Pro е во фаза на развој и зборуваше за некои негови карактеристики.

Лау за The Verge истакна дека OnePlus 7 Pro ќе ja поддржува 5G мрежата, како и дека неговиот екран ќе постави нови стандарди во светот на екраните за паметни телефони.

Тој не потврди дека уредот ќе има QHD+ екран со фреквенција на освежување од 90 Hz како што предвидуваат гласините, но посочи дека ќе биде брз и “мазно” ќе работи. Исто така, додаде дека компанијата потрошила тројно повеќе на новиот екран во однос на претходните OnePlus модели.

Екраните на последните флегшип модели на оваа компанија имаат 1080P резолуција со фреквенција на освежување од 60 Hz, така што OnePlus 7 Pro би можел да понуди подобро искуство при играњето одредени игри и гледањето мултимедијални содржини.

Лау не ја откри цената, но The Verge наведува дека би требало да биде слична на Samsung Galaxy S10 и Huawei P30 Pro.

OnePlus смартфоноите обично почнуваат да се продаваат неколку недели по претставувањето, а OnePlus 7 и OnePlus 7 Pro се очекуваат на 14. мај.