Извршниот директор на компанијата Facebook Марк Цукерберг пред Конгресот на САД рече дека социјалната мрежа не направила доволно за да ја спречи злоупотребата на податоци и се извини.

„Сега е јасно дека не направивме доволно за да спречиме овие податоци да се користат на нечија штета“, стои во писменото соопштение што го објави Комисијата на Претставничкиот дом на САД за енергетика и земјоделие.

„Не ја согледавме доволно широко нашата одговорност и тоа беше огромна грешка. Тоа беше моја грешка и жал ми е. Јас го основав Facebook, јас раководам со него и јас сум одговорен за она што се случува тука“, додаде тој.

Денеска почнува сослушувањето на Цукерберг пред американскиот Конгрес.

Вредноста на акциите на Facebook забележа раст од 1,7% во текот на утринското тргување на берзата.

Компанијата на Закерберг се најде под огромен притисок откако беше откриено дека податоците на милиони корисници на социјалната мрежа завршиле во рацете на консултантската компанија „Кембриџ Аналитика“ и биле употребени за цели на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 година.

Извор: B92.net