LG сè уште ја користи webOS платформата, која ја купи во 2013 година, за покренување на апликациите и гласовните асистенти на новите паметни телевизори.

Иако сè уште развива верзија со отворен код, LG сега објави дека ќе го овозможи webOS екосистемот и за другите производители. Компанијата ги спомена брендовите RCA, Ayonz и Konka, а претходните извештаи го сугерираа и Blaupunkt.

Засега нема информации дека на овој договор ќе се приклучи и некој производител од повисокиот сегмент, но секако се работи за интересна опција која ќе биде достапна со Android, Roku или Amazon Fire TV. Ова ќе им биде од значење и на корисниците кои купуваат LG телевизори, бидејќи платформата сега има поголема публика.

Според информациите, лиценцирањето започнува од верзијата webOS 5.0, што е најновата верзија  за која е јавно достапен SDK. LG соопшти дека верзијата 6.0 ќе биде достапна наскоро, како најзначајно ажурирање на платформата.