Lenovo веќе повеќе од еден месец го навестува својот Z6 Pro телефон. Извршниот директор на компанијата потврди дека Z6 Pro ќе го користи Snapdragon 855 чипсетот, а ќе биде претставен подоцна овој месец. Тизерот на фотографии прикажува поголем камера сензор на задната страна, метална рамка и веројатно заден дел од стакло.
Неодамна е истакнато дека телефонот би требало да има Hyper Video функција, но не е објаснето како таа работи. Компанијата додаде дека биле потребни 13 месеци за да се развие оваа функција, со цел на корисниците да им се понуди најдоброто искуство. Ќе постои и 5G модел на Lenovo Z6 Pro, a 3C сертификацијата ја потврдува поддршката за 27W брзо полнење.
Повеќе детали, вклучувајќи го и точниот датум на објавата и цената на Lenovo Z6 Pro моделот се очекува во наредните недели.