Научниците пред две години измислија батерија која работи на база на вода и ќе биде можно решение за проблемот со батериите кои се прегреваат. Благодарение на овој новитет, телефоните во иднина нема да се загреваат, ниту да експлодираат. Целата грешка во батериите кои се прегреваат е во електролитите кои ја исполнуваат батеријата. Тие ја ослободуваат енергијата при поместувањето на јоните меѓу електродите.

За доволна моќ, електролитите се направени од хемикалии кои, како што вели правилото, се лесно запаливи и не се безбедни. Толку популарните литиум-јонски батерии во денешно време се подготвени да одат во пензија, а на нивно место да дојдат, нови, победзбедни батерии.

Првиот модел на батерија базирана на вода, научниците од Универзитетот во Мериленд, ја создадоа пред цели две години. Тогаш напонот на електролитот достигна само 3 волти, и таа количина на енергија беше премногу мала за да се стави во смартфон. Затоа, пронајдокот не го привлече интересот на производителите.

Научниците сега го зголемија напонот на електролитот на 4 волти. Тие го постигнале ова, благодарение на заштитниот слој кој ги штити електродите од прекин. Како што се покажа, потребно е само да се зголеми концентрацијата на сол во водениот раствор. Научниците сега работат на решавање на друг проблем. Батериите базирани на вода се соодветни само за 70 циклуси на полнење. Следниот предизвик е да им се обезбеди подолг „живот“.