Asus претстави три нови монитори за гејмерите. Се работи за 27“, 24,5“ и 24“ монитори, чии ознаки гласат VG278QR, VG258QR и VG248QG.

Сите три модели имаат доста заеднички точки, на пример TN панели со резолуција 1920 x 1080 пиксели, формат на страници 16:9 и брзина на освежување од 165 Hz. Понатаму, просечната брзина на одзив кај сите три модели е 1 ms, додека Asus како минимална ја наведува 0,5 ms, видливи агли со 170 и 160 степени, и осветлување од 400, односно 350 нита (VG248QG).

Мониторите поддржуваат 72% NTSC спектар и можат да прикажат до 16,7 милиони бои, поддржуваат Extreme Low Motion Blur и Nvidia G-Sync технологијата. За двата најголеми модела VG278QR и VG258QR, производителот наведува дека ја поддржуваат GameFast Input технологијата, додека истата изостана кај моделот VG248QG.

Што се однесува до видео влезовите, сите три модели се рамноправни, односно сите три модели имаат по еден DisplayPort (1.2), HDMI (1.4) и Dual-Link DVI-D порт. Мониторите се опремени и со стерео звучници си моќност од 2W.

Цената на VG278QR моделот е околу 360 евра, додека нешто помалите VG258QR и VG248QG чинат околу 350 и 340 евра.