Следниот пат кога ќе му поставите прашање на Google Assistant, голема е веројатноста да добиете одговор кој претставува повеќе од група на веб линкови.

Google испорачува ажурирање за Asssistant na Android, кое ќе овозможи пружање на подетални и поживописни инфо картички кога ќе се постави одредено прашање. Пребарувањето на локалните настани ќе вклучува табови со пратечки фотографии и букмарк копчиња и слично. Пребарувањето на фотографиите ќе се прикажува во врвот на линковите.

Останатите надградени пребарувања ги вклучуваат берзите, финансискките калкулатори, избори на бои и друго. Пребарувањата кои се засноваат на основните веб линкови и натаму ќе се појавуваат, но во поелегантен вертикален формат, кој е подобри прилагоден на телефонот.

Засега нема информации кога ова подобрување ќе пристигне на iOS уредите.