Samsung оствари голем прогрес во брзините на полнење на своите премиум смартфони во последната година. Од 15W полнење за Galaxy S10 линијата, преку 25W и 45W за Galaxy Note10 и Note10+ моделите,

Сега Galaxy S20 Ultra ја задржува опцијата на полнење од 45W, но во можност е да ја имплементира на подобар начин. Според наводите, батеријата од 5000mAh на Galaxy S20 Ultra од 0 до 100 проценти се полни за 58 минути со помош на опционален полнач од 45W.

Тоа е секако импресивна можност, со оглед на тоа дека 4300mAh батеријата на Galaxy Note10+ моделот се полни за нешто повеќе од еден час со помош на полнач од 25W и за нешто помалку од еден час со помош на 45W полнач.

Galaxy S20 Ultra веројатно задржува повисоки стапки на полнење значително подолго отколку Galaxy Note10+, овозможувајќи батеријата со поголем капацитет да се наполни во текот на истиот временскиот период.