Според информациите кои пристигнуваат од инсајдерите во индустријата, Apple во текот на 2020. година ќе претстави три iPhone модели со нови големини на екранот, а сите ќе користат OLED панели.
Екраните ќе бидат со големини од разумно компатибилниот 5,42-инчен модел, преку 6.06-инчниот, до дисплејот од 6,67-инчи на Max варијантата. Најмалиот екран ќе го замени актуелниот 4,7-инчен iPhone 8, средната големина би можела да пристигне наместо 5,8-инчниот iPhone XS, додека најголемиот екран би можел да го замени сегашниот 6,5-инчниот iPhone XS Max.
Доколку извештајот е веродостоен, новите iPhone модели веројатно нема да бидат многу поголеми од оние кои моментно се актуелни, а зголемувањето на големината на дисплеите ќе биде постигнато со намалувањето на рамкките околу екранот.
Досега слушнавме различни информации за преминот на компанијата Apple на OLED. Првите извештаи сугерираа дека комплетната OLED iPhone линија би можела да се појави уште во текот на оваа година, но веројатно е дека Apple ќе биде подготвен за оваа транзиција во 2020. година.