Експертите предупредуваат дека промените се веќе видливи во многу делови од земјата и предвидуваат нивно интензивирање.

Канада се загрева двапати побрзо од остатокот од светот, покажуваат новите резултати од научниот извештај за климатските промени. Експертите предупредуваат дека промените се веќе видливи во многу делови од земјата и предвидуваат нивно интензивирање, пишува BBC.

Во извештајот исто така се наведува дека многу од веќе видените последици од глобалното затоплување се веројатно неповратни.

Експертите наведуваат дека до 1948 година просечната годишна температура во Канада е зголемена за 1,7 степен Целзиусов. Најголемото зголемување на температурите е забележано на север, во канадските прерии и северна Британска Колумбија. Просечната годишна температура во северна Канада е зголемена за приближно 2,3 степени Целзиусови.

Ефектот на глобалното затоплување значи поекстремни временски услови во Канада. Растот на температурата може да значи повеќе топлински бранови и поголем ризик од пожари и суши во некои делови на земјата.

Експертите проценуваат дека океаните ќе станат покисели и помалку оксидирани што би можело да го загрози морскиот живот. Се предвидува делови од канадскиот Арктички Океан во наредните неколку децении во текот на летото да бидат без лед. Зголемувањето на нивото на морето исто така може да го зголеми ризикот од поплави, а интензивните дождови можат да предизвикаат проблеми со поплави во урбани средини.

Сепак, експертите сметаат дека количината на загревање би можела да биде ограничена ако се преземат одредени мерки како драстично намалување на емисијата на јаглероден диоксид.

Извор: Klix.ba