Големиот број технолошки иновации кои ги видовме во текот на годините беа насочени кон креирање на технологии кои се мали, но моќни и можат да се сместат во голем број различни уреди. Смартфоните се многу добар пример за ова, бидејќи иако се тенки и мали, можат да имплементираат голем број технологии и да понудат голема сила.

YouTube блогерот, под името Electronic Grenade, одлучи целосно функционален компјутер да смести во рамки на маус. Крајниот резултат е прилично импресивен и единствен. Според наводите на влогерот, оригиналниот план беше Raspberry Pi да се смести во регуларно PC глувче, но ова беше невозможно да се изведе поради големината на стандардниот маус.

Наместо тоа, Electronic Grenade отпечати 3D маус за да биде погоден за Raspberry Pi. Уредот е нешто поголем од другите глувчиња, но и натаму во рамките на разумни граници кога е во прашање големината. Маусот има вграден мал склоплив дисплеј и тастатура.