Новите гласини сугерираат дека iPhone 16 ќе се потпира само на Face ID за верификација.

Со објавувањето на моделот iPhone X, Apple се откажа од поддршката за Touch ID. Оттогаш постојано се шушка дека популарната технологија ќе се враќа со секоја најава за нов модел на iPhone.

Се очекуваше компанијата од Купертино конечно да го врати Touch ID во рамките на серијата iPhone 16, но новите информации сугерираат дека тоа сепак нема да се случи.

MacRumors објави дека Apple престанал да прави поголем дел од опремата за Touch ID чипови и не планира да ги користи на моделите на iPhone 16.

Изворот тврди дека Apple произведува само чипови Touch ID за iPhone SE од 2022 година. Доколку информациите на изворот се точни, тоа значи дека претстојниот iPhone SE 4 нема да има Touch ID.

Кога станува збор за Face ID, Apple би можел да го премести под дисплејот на следната серија на iPhone.