Компанијата Logitech претстави нови Bluetooth тастатури наменети за најновите iPad Pro модели.

Се работи за тастатурата наречена Slim Folio Pro која е алтернатива на тастатурата Smart Keyboard Folio, која Apple ја претстави со својот нов таблет минатата година.

Моделот на Logitech има низа специјални копчиња кои претставуваат iOS табови, како и место за оставање на втората генерација на Apple Pencil, кој се спојува магнетски и при тоа се полни.

За разлика од тастатурата на Apple, Slim Folio Pro се спојува со iPad Pro прек Bluetooth, а не преку Smart Connector. Тоа значи дека корисниците ќе мораат да ја полнат тастатурата одвоено, но ќе биде можно директно полнење преку таблетот со помош на USB-C кабел. Исто така, Logitech тврди дека едно полнење на тастатурата би требало да биде доволно за тримесечно користење под претпоставка да се користи два часа дневно.

Тастатурата на Logitech има и ред копчиња за функциите како што се подесување на светлината на екранот, звукот, стартување на медиска содржина и слично. Тастатурата автоматски се вклучува и спојува со iPad, кога ќе ја поставите во режим за пишување, а може и да се превитка ако имате намера да цртате.

Slim Folio Pro тастатурата доаѓа во две големини за двата актуелни модела на iPad Pro. Помалата е наменета за 11-инчниот iPad Pro и чини 119,99 долари, а поголемата е за 12,9-инчниот iPad Pro и чини 129,99 долари.