IGTV на Instagram требаше да покрене нова за користење видеа на социјалните мрежи, меѓутоа иницијативата на компанијата не беше прифатена онака како што се очекуваше. Официјално лице на Facebook (во чија сопственост е Instagram) потврди дека Instagram ја остранува IGTV иконата од врвот на својот главен интерфејс.

„Многу мал број луѓе го користат ова копче и наместо тоа, поголем дел од нив гледаат видео содржини од своите главни фидови, преку релевантните Explore канали, користат профили или доделената IGTV апликација“, стои во изјавата на официјалното лице на Facebook.

Instagram во минатото вршеше бројни отстапки за ИГТВ, како што е овозможувањето на панорамско видео наместо вертикалните клипиви, а неодамнан е овозможена опцијата IGTV видеото да се објавува од стандардната апликација.