Компанијата HMD Global го претстави својот најнов телефон на преклопување. Тоа е класичниот и основен Nokia 2780 Flip.

Nokia 2780 Flip доаѓа со препознатлив дизајн на преклопување, користи тастатура T9 и нема екран на допир.

Телефонот има 2,7-инчен TFT дисплеј одвнатре и уште 1,77-инчен однадвор. Има простор и за камера од 5 MP со LED блиц на надворешниот дисплеј.

Уредот се напојува со чипсет Qualcomm 215 и има X5 LTE модем со брзина на преземање до 150 Mbps. Има поддршка за VoLTE и RTT (праќање пораки во реално време додека сте на повик).

Nokia 2780 Flip доаѓа со 612MP внатрешна меморија и 4GB RAM. Иако е можно да се работи за погрешно наведени спецификации од компанијата, бидејќи на овој телефон не му треба толку многу меморија.

Сè се напојува со батерија од 1450 mAh. Nokia 2780 Flip пристигнува во црвена и сина боја, по цена од 90 долари.