За време на презентацијата на моделот Mi Mix 3, Xiaomi објави дека механизмот за лизгање на уредот може да издржи најмалку 300.000 активирања.

Сепак, кинескиот телевизиски канал Digital Tail одлучи да го испроба ова со посебен тест, на кој утврди дека Xiaomi дури и бил прескромен во тврдењето.

На социјалната мрежа Weibo е поставен видео запис, кој го прикажува тестирањето на лизгачкиот механизам на Mi Mix 3. Ако обрнете внимание на екранот на уредот за тестирање, ќе забележите дека слајдерот на Mi Mix 3 издржал двојно повеќе отколку што наведе Xiaomi – дури 600.000 пати.