Се приближува конференција Google I/O 2019, а во меѓувреме е забележана нова измена за кодот на Chromium, која сугерира дека Google Assistant пристигнува за Google Chrome на Androidu.
Според измената, која е пронајдена во кодот, Google во текот на својата претстојна конференција за програмери ќе го демонстрира „Autofill Assistant”. Кодот го споменува примерот дека Google Assistant знае дека корисникот има во распоредот пат некој град. Chrome потоа ќе ја прикаже Assistant картичката, базирано на она што виртуелниот асистент го знае за претстојното патување на корисникот. Тука картичката нуди букирање за изнајмување на возила и слично.
Autofill Assistant ќе користи информации за патувањето, со цел автоматски да ги исполнува празните полиња и информациите за плаќањето од картичките сочувани во Chrome. Корисникот во секој момент може и рачно да ги измени овие информации.
Сајтот 9to5Google забележа и доказ дека функцијата работи и со купување на кино билети, а останува да го причекаме Google I/O 2019 за да дознаеме дали ќе функционира и со некои други купувања.