Новата функција која му овозможува на возачот со помош на апликација да го “повика” својот Тесла автомобил да се испаркира и дојде до него, се покажала како недоволно безбедна.

Тесла во изминатите седмици во рамки на софтверскиот апдејт Version 10.0 на купувачите им ја понуди и споменатата опција “Come To Me” која можеби делува забавно и корисно на огромни паркинзи, како оние во близина на големите аеродроми или трговските центри.

Меѓутоа, како што веќе се покажало во пракса, “Come To Me” е далеку од совршена. Имено, на социјалните мрежи се појавија први видео снимки од инцидентни случаи кои ги доживеале сопствениците на автомобилите на Тесла во текот на испробување на оваа опција.

Поединечни сопственици исто така објавиле фотографии од своите оштетени возила за кои тврдат дека настанале поради грешките кои автомобилот ги направил додека бил во режимoт “Come To Me”.

Инаку, компанијата Тесла во текот на лансирањето на оваа опција објавила дека сопственикот пред активирање на “Come To Me” треба да се увери дека има непречен поглед кон своето паркирано возило и неговото опкружување, што е еден од предусловите за безбедно користење.

Дека оваа опција сепак функционира во пракса, докажува и следното видео кое го снимил еден сопственик на Тесла:

Извор: B92.net