Кинескиот бренд Oppo минатата година го претстави Find X теелфонот, кој имплементираше слајдер дизајн, по што истата тактика ја применија уште некои производители. Сега на компанијата и е одобрен патент за уште еден слајдер телефон, но овој модел е нешто поинаков од Find X.

Find X имаше три камери – две на задната страна и една од предната, а сите три биле скриени во телефонот и можело да им се пристапи со помош на слајдер. Скиците на можниот претстоен телефон прикажуваат систем со две камери, кои ќе бидат сместени во горниот лев агол и секогаш ќе бидат видливи. Зад дисплејот во слајдерот ќе бидат скриени две предни камери.

Фотографиите не го покажуваат сензорот за отпечатоци од прсти, што сугерира дека ќе биде сместен во самиот дисплеј или телефонот ќе се потпира исклучиво на опцијата отклучување преку цртите на лицето.

Сега само останува да се види дали деталите од патентот ќе бидат имплементирани во некој иден Oppo телефон и кога ова ќе се случи.