Популарната игра Counter Strike: Global Offensive или скратено CS:GO го слави својот десетти роденден и по тој повод доби неколку новитети, меѓу кои и мапа инспирирана од место во Босна и Херцеговина.

И покрај тоа што има десет години, CS:GO е посилен од било кога. Во изминатите 12 месеци беше забележан најголем број играчи, во просек повеќе од 20 милиони уникатни играчи месечно, најголема гледаност на големите турнири и огромна поддршка од заедницата со повеќе од 70 милиони долари собрани за професионални организации, тимови и играчи.

@gameinstruktorr CS:GO UBACIO NOVU MAPU PO BLAGAJU U MOSTARU ?? #blagaj #mostar #bosna #csgo #blagai ♬ original sound – GameInstruktor

Една од многуте новитети кои ги носи ажурирањето е мапата базирана на Благај, БиХ, која може да се избере во режимот Wingman.

На оваа мапа може да се видат знамињата на БиХ, карта на земјата со означен Благај, како и некои други детали инспирирани од босанската традиција.