Многумина од нас се потпираат на паметните уреди во скоро сите секојдневни активности: од будење наутро до убивање на досада. Сепакј, постојат начини да се намали користењето на смартфонот.

Не внесувајте го смартфонот во спалната соба

Од појавата на мобилните телефони, речиси сите ги користат за аларм, за да се разбудат наутро, што значи дека тоа е последното нешто што ќе го видите ноќта пред спиење и првото нешто што го гледате во утринските часови кога ќе ги отворите вашите очи. Една студија во 2017 година покажа дека “употребата на социјалните мрежи во последните 30 минути пред спиење кај возрасните е поврзана со нарушување на спиењето”. Затоа обидете се да го полните телефонот надвор од спалната соба и купете вистински часовник што ќе ви ѕвони наутро и ќе ве буди.

Контролирајте ги нотификациите

Дури и ако можете на кратко да го оставите телефонот, тој ќе вибрира на секои неколку секунди, како да бара од вас да го вратите назад во вашите раце. Одвоете малку време и прилагодете ги вашите нотификации на малку поинаков начин. Центарот за хумана технологија (CHT) е непрофитна организација основана од страна на менаџерот на Google – Тристан Харис, која им помага на луѓето да “живеат подобро со своите уреди” – препорачува блокирање на сите нотификации што не се испратени од луѓе. Ова практично значи дека се дозволени апликации за размена на пораки, но не и нешто како – “на 14 луѓе им се допаѓа вашата фотографија”.

Активно ограничете го времето кое го поминувате пред екранот

Најновите верзии на Android и iOS, двете најпопуларни оперативни системи, имаат способност да го пратат времето кое ќе го потрошите на екранот, и нудат неделни извештаи за тоа колку пати сте посегнале по телефонот, колку часа сте го користеле на дневна основа, и кои апликации најмногу ги користите. Наместо да ги читате овие извештаи, направете проактивен пристап: вклучете ограничувања за апликации чија употреба сакате да ја намалите. На пример, ограничете го Twitter на еден саат дневно. Се разбира, може да го надминете стандардното време, но овие ограничувања може да ви помогнат да се ослободите од пасивното листање.

Исклучете ги боите на екранот

Ако боите на екранот се поставени на “grayscale”, ќе се погрижи вистинскиот живот да е секогаш поживописен. Корисничкиот интерфејс е дизајниран така што секогаш се враќаме за уште малку да поуживаме во живописните бои на екранот.

Вежбајте за да ја постигнете целта

Не секој проблем има решение во технологијата. Пред да го земете телефонот во вашите раце, запрашајте се: “Зошто го правам ова?” Понекогаш е доволно да се поштедите од бесмисленото листање само затоа што ви е здодевно додека се возите со лифт.

Извор: B92.net