Lenovo се подготвува да го претстави својот прв гејминг смартфон во рамките на Legion брендот. Веќе е потврдено дека уредот ќе има Snapdragon 865 чипсет, а неодамна е навестено дека на AnTuTu бенчмарк остварил резултат од 600.000 поени.

Најновите информации пристигнуваа од Чен Јин, генералниот менаџер на Lenovo China Mobile одделениети, кој истакна дека гејминг смартфонот на Legion ќе пристигне со нова технологија на ладење, која ќе го раздрма пазарот. Нема детали за тоа што ова конкретно значи, но Јин тврди дека Lenovo Legion ќе нуди искуство, кое е значајно подобро од она кое го нудат конкурентските гејминг телефони.

Lenovo има солидно искуство во сегментот на гејминг PC уреди и ќе биде интересно да се види дали компанијатѕа тоа свое искуство успешно ќе го пренесе и на екосистемот на паметни телефони.