За да дознаете зошто некој веќе не се појавува во вашата листа на пријатели, ќе мора добро да истражите.

Најдобро е да започнете од Messenger. Побарајте го вашиот поранешен пријател на Фејсбук во пораките. Ако тој сè уште е таму и не сте го блокирале, неговото име и слика на профилот треба да се појават во делот “пријатели“.

Кога ќе блокирате некого, тој ја губи можноста да започне да разговара со вас на Фејсбук.

Значи, доколку се уште можете да му испратите порака, тоа значи дека не се блокирани, туку само сте отстранети од листата на пријатели.

Дури и дококу бараното лице не може да се најде на Messenger, тоа не значи дека сте блокирани. Можеби тоа едноставно го напушило Фејсбук.

Со проверка на постари пораки, може да се сретнат слики од сиви профили на луѓе обележани како корисници на Фејсбук. Таквите сликички припаѓаат на луѓе кои биле ваши пријатели, но повеќе не се членови на социјалната мрежа.

Можете да дознаете на кого му припаѓале овие профили преку кликнување на сивите икони и читајќи ја историјата на пораката.

Со скенирање на пораки и процес на елиминација може да направите кратка листа на луѓе кои најверојатно ве блокирале, но тоа е едн тежок и долготраен процес. Фејсбук едноставно добро го заштитува идентитетот на тој што блокира.

Поради опцијата за приватност на страницата, која на корисникот му овозможува да контролира кој може да го најде нивниот профил преку пребарување,речиси невозможно е да се провери дали се блокирани, особено ако профилот е заклучен за сите.