Сегашните изданија на паметниот телефон на Apple се отпорни на вода, но тоа не значи дека е лесно да се користат додека врнат капки дожд на екранот. Идната генерација би можела да донесе решение на тој проблем.
Како што на Twitter тврди Max Weinbach од XDA Developers, iPhone 11 – кој би требало да биде претставен во септември оваа година, ќе биде можно да се користи под вода. Weinbach наведе дека Apple има патент за тоа и дека конечно ќе го употреби.
The next iPhones are probably going to have displays that work underwater. It’s in the prototype stage right now but seems likely. They have a patent for it and are finally doing it.
— Max Weinbach (@MaxWinebach) February 15, 2019
Не е познато од каде му е оваа информација, бидејќи не го наведе изворот.
Засега се шпекулира дека iPhone 11 ќе има три камери од задната страна и помал засек (notch) и дека нема да поддржуваат брзо полнење, пишува Tech Radar.