Honor претходно потврди дека телефоните од серијата Honor 20 ќе бидат ажурирани на оперативниот систем Android Q. Сега кинескиот бренд посочи дека моделите Honor 20 нема да бидат единствените со надградба на Android Q.

Во низата одговори на Твитер, Honor Индија посочи дека Honor 8X и Honor 10 исто така ќе го добијат ова високо очекувано ажурирање.

Ова исто така индиректно укажува на тоа дека во блиска иднина, корисничките интерфејси за Honor 8X и Honor 10 најверојатно ќе бидат ажурирани во EMUI 10. Засега нема официјални информации за тоа кога компанијата ќе започне со испорака на Android Q, бидејќи платформата сè уште се наоѓа во фаза на бета тестирање.