Четири нови модели на iPad и потенцијална седма генерација на iPad Touch се пронајдени во кодот на претстојниот iOS 12.2, додека седум нови iPad се пронајдени во регистрациските информации во базата на податоци на Евроазиската економса комисија.

Програмерот Стивен Трутон Смит во кодот на iOS 12.2 пронајде нови четири модели на iPad, од iPad 11.1 до iPad 11.4. Два iPad уреди се поддржани од WiFi конекција, додека преостанатите се два Cellular модели. Споменетиот програмер на Твитер објави дека новите уреди би можеле да бидат мини iPad модели и iPad со 9,7 инчен екран. Изгледа дека ниту еден од овие уреди нема Face ID технологија.

Покрај тоа, се споменува дека и iPad 9.1, кој би можел да биде нова генерација на iPad Touch со оглед на тоа дека шестата генерација на овој уред ќе се нарекува iPad 7.1. Сè што знаеме за уредот е дека веројатно нема Touch ID и Face ID технологија.

Новите броеви на моделот ги поттикнуваат гласините дека Apple планира седма генерација на iPad Touch, уште еден 9,7 инчен iPad и нов iPad mini.

Извор: Klix.ba